13.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петрески: Економската дипломатија е клучна за домашните извозни компании да се прошират на други пазари

„Фајненс тинк”: Намалувањето на царините за клучни инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25 проценти

Од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк” на денешниот економскиот форум истакнаа дека намалувањето на царините за репроматеријали, обезбедување долгорочни поволни кредити и развој на економската дипломатија, е дел од поддршката што треба да им се овозможи на извозно ориентираните компании за да бидат мотор на растот во пост КОВИД периодот.

Анализата на „Фајненс тинк” покажува дека намалувањето на царините за клучни инпути ќе влијае на зголемување на инвестициите до 25 проценти, на производството и конкурентноста, а ќе ја зголеми и иконкурентноста на земјава за нови инвестиции.

-Извозно ориентираните компании имаат потенцијал да инвестираат во технологија и околу 60 отсто од нив се со план да го направат тоа. Тие имаат потенцијал и да вложуваат во инвестиции, како и да бидат дел од структурните промени во насока на јакнење на човечкиот капитал, пред се во процесот на дуално образование. Во однос на привлекувањето нови инвестиции, само кај 19 отсто структурни промени на реалокација кај матичните компании постојат и скоро 90 проценти од компаниите кои имаат процес на реалокација, имаат потецијал да доведат нови производни линии, изјави Благица Петрески од „Фајненс тинк”.

Пандемијата, додаде Петрески, покажа и колку е значајно да имаме домашни добавувачи.

-Во КОВИД-19 се нарушија синџирите на добавување и голем дел од домашните компании беа соочени со проблем од каде да ги набават ресурсите и инпутите. Тоа ја извлече на површина многу малата соработка меѓу странските инвеститори и нашите компании. Во следниот период мора да се јакнат тие врски меѓу нив, а на тој начин да се интензивира и потенцијалот за производство на инпути и репромтеријали во земјата, истакна извршната директорка.

Економската дипломатија, посочи Петрески, е клучна за домашните извозни компании да се прошират на други пазари, покрај постојните на кои се присутни.

Поврзани вести

Ангеловска: Јавниот долг се стабилизраше во последните две години

Влатко Зорба

Коморски инвестициски форум: Транспортот на стоки, како крвоток на секоја економија, не смее да запре

Влатко Зорба

ДКСК: Нема кривична одговорност за Нина Ангеловска

Берта Китинска