СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Петров даде отчет за едномесечната работа во ФИТР

Директор на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров даде отчет за едномесечната работа на оваа функција:

Потпишани 71 договори со вкупен износ од 3.112.339 евра, од кои 1.605.311 се ФИТР кофинансирање а 1.507.028 кофинансирање на корисниците.

Подготвивме два нови предизвици за стартапи и нов повик за кофинансирани грантови.

Креиравме нова годишна и среднорочна програма која за првпат вклучува стратешки фокус на стартапи, корпоративна иновативност и социјални претприемништво.

Целосно ја променивме менторската програма и за првпат овозможуваме менторство за одбиени апликанти но и потенцијални корисници.

Развиваме нови финансиски инструменти и стратегија за Fund of Funds.

Потпишавме меморандум за соработка со Стартап Македонија и креиравме Стартап Совет.

Потпишавме меморандум за соработка со Асоцијацијата за е-трговија и развиваме заедничка платформа за онлјан продажба за микро компаниите во планските региони.

Во финална фаза е ребрендирањето на ФИТР со комплетно ново лого и една сосема нова приказна!

И сето ова немаше да биде можно без беспрекорниот тим на ФИТР. Бескрајно сум благодарен на можноста да работам со толку добри професионалци!Создаваме иднина. Заедно!

Поврзани вести

Помош од 50.000 евра месечно за малите фирми во Германија

Stefanija Kuzmanovska

Директорот на групацијата HTEC го претстави пред Заев планот за формирање центар за развој во С. Македонија.

Влатко Зорба

Фабрика од Неготино им сопирала рати на работниците за кредит, а не ги уплаќала во банка