СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

По барањето на Трифун Костовски се огласи Народната банка: Немаме надлежност да го укинеме стечајот на Еуростандард

Во врска со текстот од г. Трифун Костовски, објавен во медиумите, ве известуваме, се наведува во соопштението од Народна банка:

-Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка. Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните, се вели во соопштението од Народна банка.

Поврзани вести

Анѓушев од Солун: Остануваме посветени на евро-атлантските интеграции во насока на стабилност и побрз економски раст на земјата

Влатко Зорба

Компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царински давачки од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали

Влатко Зорба

НБМ и ФОД за Еуростандард банка: Штедачите до 30 000 евра ќе бидат обесштетени, исплатата ќе почне за 20 дена

Никола Поповски