СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребаланс на Буџетот

Со реплики и контрареплики помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата. Во попладневниот дел од расправата стана збор и за проектот „Скопје 2014“.

Пратениците од СДСМ оценија дека ребалансот на Буџетот е развоен и оти повеќе пари ќе се слеат кон граѓаните и кон бизнисот со што ќе се поттикне и раст на економијата. Според нив, сите показатели на меѓународните институции покажуваат дека државата добро напредува. За проектот „МојДДВ“ посочија дека и во времето на ВМРО-ДПМНЕ биле организирани наградни игри за да се подобри фискалната дисциплина и да се намали сивата економија.

– Оваа Влада се грижи за потребите на граѓаните. Се инвестира во надземната инфраструктура, во водоводи и канализации наместо во споменици од проектот „Скопје 2014“, порачаа пратениците од СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ, релабансот на Буџетот нема развојна компонента, а не се реализирани и капиталните инвестиции. Критики упатија дека се зголемува јавниот долг и оти се кратат средства во образованието, културата, инфраструктурата и животната средина.

– Ние континуирано одиме во пад на економијата, рече Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, според која предложениот ребаланс е еден од оние во кој грешно се пренасочени и алоцирани средствата.

Расправата продолжува утре, а според Деловникот за работа на Собранието, дебатата за ребалансот може да трае најмногу пет дена.

Поврзани вести

Трајанов за законот за дивоградби: Нема да дозволиме амнестија на криминалите на претходните власти

Греењето на дрва најзастапено, на струја еколошки најприфатливо

Бислимовски: Инвестициите во ОИЕ ќе имаат влијание врз цените, но и врз ранливите потрошувачи

Влатко Зорба