СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

„Епл“ официјално ги отвори сите свои продавници во Кина, кои беа затворени поради епидемијата на коронавирус.

Како што јавува британскиот јавен сервис, Би-Би-Си, од денес, сите продавници на „Епл“ се отворени, 42 од нив, иако некои имаа специјално работно време.

Продавниците се затворени од средината на февруари, бидејќи Кина стави во карантин неколку градови во земјата во обид да го спречи ширењето на вирусот.

Епидемијата генерално го предизвика падот на побарувачката за нови телефони, така што продажбата на „Епл“ се преполови во февруари во однос на истиот месец лани.

Поточно, американскиот технолошки гигант продаде околу 494.000 ајфони во Кина во февруари, во однос на 1,27 милиони парчиња во истиот месец од 2019 година.

Сега во Италија се затворени сите 17 продавници на „Епл“, бидејќи владата во Рим воведе ригорозни мерки заради вирусот КОВИД-19, поради кој целата земја е во карантин.

Поврзани вести

Преку 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура оваа година

Влатко Зорба

ДЗС: Цените на угостителските услуги во декември останаа на исто ниво

Влатко Зорба

Објавена анализа за прогресивниот данок: Приходите пониски за 51,2 отсто

Влатко Зорба