СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор за државна помош со турската компанија „Пурпласт“

Денеска во Владата беше потпишан договор за државна помош со турската компанија „Пурпласт“, која реализира инвестиција во Технолошко индустриската развојна зона Скопје.

Договорот беше потпишан од директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на „Пурпласт“, Мехмед Шишманоглу.

Со него е најавена инвестиција во вредност од 5,1 милион евра и отворање на нови 40 работни места во првата фаза. Целата инвестиција на Пурпласт е планирана да биде околу 12 милиони евра и во нивните капацитети да се вработуваат 215 луѓе.

Во октомрви 2019 година „Пурпласт“ потпиша Договор со ДТИРЗ за закуп на над 26.000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 2, каде планира да произведува пластични маски и други пластични компоненти за компанијата „Ван Хол“ и многу други компании кои произведуваат автобуси.

Поврзани вести

Ангеловска: Ковид-19 го забрзува растот на е-трговијата

НУК: Состанокот со Битиќи презакажан за 30-ти јануари

Влатко Зорба

Од полноќ поевтинува бензинот