СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети во обновливи извори за енергетска транзиција

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, денеск ќе се обратат на прес-конференција за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.

Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти.

Договорот ќе го потпишат генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово Рене Ешеманн.

Поврзани вести

Бесими: Скоро сите економии во текот на годината го проширија буџетскиот дефицит

Сите трансакции од државниот буџет од денеска може да ги види јавноста преку „Отворени финансии“

msp-admin

Горивата поскапуваат од полноќ