СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од јануари минатата година

На светските пазари, цените на нафтата се зголемија за околу 5% минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последнава година, благодарение на надежите дека новите стимулативни мерки ќе го забрзаат закрепнувањето на американската економија и ќе ја поддржат растечката побарувачка за „црно злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 5,3 проценти, на 62,43 долари, што е највисоко ниво од 22 јануари минатата година.

На американскиот пазар, од друга страна, барелот порасна за 4,7 проценти на 59,47 долари, што е највисоко ниво од 9 јануари минатата година.

Силниот пораст на цените на нафтата втора недела по ред е благодарение на надежта на трговците дека Конгресот на САД наскоро ќе го прифати предлогот на претседателот Џо Бајден за дополнителен пакет фискален стимул за економијата вреден 1,9 трилиони долари.

Републиканските пратеници во Конгресот се спротивставуваат на уште еден дарежлив стимулативен пакет бидејќи тој дополнително ќе го зголеми буџетскиот дефицит и јавниот долг, но демократите имаат предност во двата дома на парламентот, па трговците сметаат дека повеќето предлози на Бајден ќе добијат зелено светло.

Поврзани вести

Се укинува забраната за извоз на брашно од земјава

Берта Китинска

МТСП: Почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита

Берта Китинска

Загрозени 29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата