СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Првичната инвестиција на Lidl во С.Македонија ќе биде 500.000 евра

По влегувањето на пазарот во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир Lidl ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал European Supermarket Magazine со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ESM, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Lidl North Macedonia“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на Lidl и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е Lidl на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според порталот, интересот на Lidl за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

Поврзани вести

„Фајнанс тинк“: Поради коронавирусот, да се подготви план за поддршка на граѓаните и фирмите

Измените на Законот за игрите на среќа претставува огромен ризик за нелегален пазар и стимул за сива економија

Влатко Зорба

Битиќи: Процесот за ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот неделата

Берта Китинска