Стандард
ЕКОНОМИЈА

УНИ Банка ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Исплатата на камата ќе се изврши на 22.01.2021 година, соопшти Македонска берза.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2021 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 22 и 25 Јануари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот.

При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 22 и 25 Јануари 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.

Поврзани вести

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска

ДЗС: 151.972 невработени лица во IV тримесечје од 2020 година

Влатко Зорба

Заев: Администрацијата на минимална плата, освен полицијата, лекарите и армијата

msp-admin