СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Никој не сака да ги вработи луѓето на Трамп: Вработените во Белата куќа дури не ги примаат на интервју за работа

Поранешниот персонал на Белата куќа обично добива лесно нови работни места по неколку години управување со најголемите кризи во земјата и пошироко. Но, ситуацијата е поинаква со персоналот на сега скоро поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Додека деловниот свет му врти грб на Трамп, истото се случува со луѓето кои беа со него во Белата куќа за време на неговиот претседателски мандат.

Оние со помалку познати имиња се обидуваат да најдат работа во забавната индустрија, па биографиите им ги оставаат на холивудските агенции. Една од нив е Алиса Фара, која доколку не успее во тоа, размислува да започне сопствен бизнис.

И Џон Хорстман, асистент на претседателот и заменик директор за комуникации, исто така, бара работа во Холивуд, додека друга асистентка на Трамп, Каролин Харли, се обидува да го најде своето место во светот на модата. Исто така, началникот на канцеларијата на Белата куќа, Мик Мулвани бара работа на телевизија.

Сепак, луѓето кои соработувале тесно со Трамп добиваат ладни одговори од компаниите во кои бараат работа.

– Тешко е, бидејќи луѓето не сакаат да работат со нив – вели еден од регрутерите кои се обидуваат да обезбедат работа за некои.

– Сите се полни со себе и мислат дека секоја компанија едвај чека да ги вработи, но тоа не е точно – вели неименуван регрутер за „Business Insider“.

Еден од газдите во „Forbes“ јавно рече дека не препорачува да ангажира некој од прес-секретарите на Трамп.

– Работата на прес-секретарот е да ги направи вестите малку поубави, но никогаш не сме имале администрација во која горе е доле, а сината е жолта – рече тој.

И водечките луѓе во медиумите велат дека не планираат да вработуваат луѓе кои немаат кредибилитет.

Еден од вработувачите рече дека во моментов најмалку 15 лица од Белата куќа бараат работа, и дека шест од нив ги прифатил како клиенти, само што досега не бил во можност да закаже ниту еден разговор со компаниите.

Поврзани вести

Турски клуб собира пари преку СМС за да ја покрие платата на својата ѕвезда

Влатко Зорба

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Краниофарингеом

Влатко Зорба