СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Израел и Грција се договорија за слободно патување на вакцинираните туристи

Израел и Грција во понеделникот се согласија дека нивните граѓани кои примиле вакцина за коронавирус ќе можат слободно да патуваат во двете земји.

„Треба да им го олесниме патувањето на оние кои даваат доказ за вакцинација и имаме намера да го сториме тоа со Израел (..), кој е далеку пред нас во однос на вакцинацијата“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во заедничката изјава со израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху.

Договорот ќе им овозможи на израелските туристи „да патуваат во Грција без никакви ограничувања и без карантин“, додаде Нетанјаху.

Израел започна да излегува од третиот карантин што го воведе во декември , но не ги укина ограничувањата на меѓународните летови суспендирани до 20 февруари.

„Зелениот пасош“ ќе биде воведен „кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување“, рече израелскиот премиер.

Веднаш по заедничката изјава министрите за туризам на двете земји потпишаа билатерален договор.

Поврзани вести

Компанија во која работниците можат еднаш да одат во тоалет БЕСПЛАТНО, а потоа си плаќаат

Влатко Зорба

Од Абрамович до Сталоне: Какви имоти купија sвездите во 2020 година?

Влатко Зорба

Инсектите се поблиску до чиниите на Европејците

Влатко Зорба