СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Работниците кои работат за време на празниците да добијат 250% поголема дневница“

Оние работници кои ќе работат за време на празниците, треба да добијат 250% поголема дневница, потенцира денес ССМ, кој испрати порака до сопствениците на фирмите кои бараат на Бадник и Божиќ да се работи и функционираат во овие денови, иако законски денешниот ден е неработен за припадниците на православната вера, додека утрешниот е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

„Согласно член 24, став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор „За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 проценти, односно една дневница како за работникот кој не работи и една дневница зошто денеска работникот работи зголемена за 50 отсто или вкупно 250 проценти за работник кој работи на Државен празник“, посочија од ССМ.

Од Синдикатот порачуваат дека работниците мора да бидат информирани за да не ги манипулираат нивните газди и апелираат сите злоупотреби да се пријават во ССМ за да можат да ги спречат.

Поврзани вести

Заев во Визбегово: Обезбедуваме 600 милиони евра поддршка за развој на бизнисот

Заев: Државата е стабилна и постои за да им помага на граѓаните и на стопанството

Александар Петровски

Намалени цените на мало во однос на септември

Влатко Зорба