СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Приходите на Huawei нагло се зголемија минатата година и покрај сите скандали и санкции

Кинескиот телекомуникациски гигант и производител на паметни телефони Huawei објави дека нејзините приходи пораснале за скоро петтина во 2019 година и покрај санкциите на САД.

„И покрај огромниот надворешен притисок“, приходите на Huawei достигнаа 858,8 милијарди кинески јуани (123 милијарди американски долари) во 2019 година, што компанијата го нарече „извонредно“.

Нето-добивката порасна за 5,6 проценти на 62,7 милијарди јуани. Сепак, стапката на раст е скоро пет пати пониска отколку во 2018 година.

Huawei е најголем светски производител на опрема за телекомуникациска мрежа и втор производител на паметни телефони.

Минатата година, таа се фокусираше на развој на 5G инфраструктура во Европа и подобрување на поврзаноста на руралните области низ целиот свет.

Компанијата беше во можност да го развие бизнисот во 2019 година и покрај жестокото спротивставување на американската влада, обвинувајќи го дека и дозволува на кинеската влада да шпионира. Huawei ги негира овие обвинувања.

Минатиот мај, Вашингтон ја наведе кинеската компанија на „црниот“ список, откако и забрани да прави бизнис со американски компании и да ги наруши синџирите за снабдување со клучните делови. Претходно, тој им  забрани на сите владини агенции да прават бизнис со Huawei.

Кинеските власти велат дека САД користат безбедносни проблеми како изговор за спречување на конкуренцијата од домашните технолошки фирми. САД бараат од сојузниците да не ја користат технологијата на Huawei, потсетува ДПА.

Поврзани вести

РКЕ утре ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење

Економско-социјалниот совет: Социјалниот дијалог помеѓу сите чинители е од особено значење и во интерес на граѓаните

Александар Петровски

Груби: Субвенции за приватните компании кои ќе вработат Албанци

Берта Китинска