СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Работодавачите бараат итно да се формира нова Влада и да се донесе нов сет антикризни мерки

Организацијата на работовачи бара брзо формирање на Влада, со цел да се донесат нов сет антикризни мерки.

Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека посебно на удар е текстилната индустрија. Бизнисот со шиење заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува затварање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека сега се оставени сами да се справуваат кога голем дел од работниците се дома. Или се позитивни на корона вирус или се во изолација.

Димитров вели дека мора да се донесат сет на мерки, со цел да се зачуваат работните места, една од мерките по примерот на Германија е трошоците за работниците за четири часа да ги подмирува работодавачот, а останатите четири часа државата.

Анализата на Кластерот за текстил покажа дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крајот на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност, а повеќе изгубени работни места. Дел од штипските текстстилци уште во јули ја најавија можноста бројот на вработени во оваа гранка да се преполови.

Димитров потенцира дека добро е што се објавија имињата на фирмите, кои ги злоупотребијa парите за работниците, а какошто вели списокот пикaжува дека големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби.

Тој вели дека бараат Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Но бараат и прецизни одредби за да нема манипулации.

Поради корона вирусот во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и Пробиштип. Поради алармантната ситуација во Штип дел од конфекциите од 1 Август се на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа стартуваат од утре.

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол

Александар Петровски

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска

Битиќи за еднократната помош за граѓаните: Во тек е консултација со Економскиот совет