СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

САД со рекорден дефицит во последните 12 години

Надворешнотрговскиот дефицит на САД во јули достигна 63,6 милијарди долари, што е рекорд во последните 12 години. Како причина за тоа, според американските медиуми, е зголемување на увозот.

За споредба надворешнотрговскиот дефицит на Америка во јуни беше 53,5 милијарди долари. Станува збор за најголем месечен дефицит од јули 2008 година, односно за време на економската криза.

Увозот во јули се зголеми за 10,9% на 231,7 милијарди долари, додека извозот достигна вредност од 168,1 милијарда долари.

Поврзани вести

Граѓаните со прекин на работен однос во рок од 30 дена треба да поднесат барање за паричен надоместок

Берта Китинска

НБ даде согласност за именување на Христодулу за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Влатко Зорба

Ангеловска: Мерката 14.500 денари плата по вработен се однесува на сите фирми погодени од корона кризата

Берта Китинска