СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Концептот парите кај граѓаните дава резултати

Проектот ДДВ, концепт чија цел е враќање на парите кај граѓаните, дава видливи резултати. Ова во соопштение за јавноста го истакнува Социјалдемократскиот сојуз, како еден од столбовите на нивната програма.

Со оваа мерка, средствата од повратот остварени во текот на јули, август и септември прв пат ќе биде исплатен во декември, а потоа исплата ќе следи на секои три месеци.

„Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“  има над 170.000 регистрирани корисници.

Со оваа мерка за првпат државата ќе враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година.

По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата.

СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните.

За нас зборот важи!“, стои во соопштението на СДСМ.

Поврзани вести

Што им се исплати најмногу на туристите на Јадранот?

Дополнетиот ребаланс со амадмани во Собранието, дебата неделава, а наредната реализација на мерките

Берта Китинска

МЕПСО: Тарифата за пренос на електрична енергија ја утврдува надлежното регулаторно тело

Берта Китинска