СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се усогласува Законот за задолжителни нафтени резерви со законодавството на ЕУ

Владата го утврди текстот на Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, со кој, меѓу другото, се врши усогласување со законодавството на Европската унија во насока на обезбедување механизми и услови за одржување високо ниво на безбедност и стабилност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата и во ЕУ, преку сигурни и транспарентни механизми кои се засноваат на солидарност помеѓу земјите-членки.

Освен усогласувањето со европската директива, со предложените измени се врши усогласување и со домашната легислатива како неопходен услов за ефикасна и непречена имплементација на прописите во пракса.

Поврзани вести

Заев: Со усвоениот ребаланс обезбедувме средства за 19 капитални проекти важни за граѓаните

Берта Китинска

Банките очекуваат зголемена побарувачка за кредити од компаниите

Влатко Зорба

АХВ за четири дена спроведе 277 контроли и изрече 22 мерки

Берта Китинска