СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Донесена Програмата за економски реформи 2021 – 2023

На денешната седница Владата ја донесе и Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е и дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес, а министерот за финансии е задолжен да ја достави до Европската комисија до 31-ви јануари 2021 година.

Програмата за економски реформи содржи макроекономски проекции, план на Буџетот за наредни три години, 15 до 20 структурни реформи кои најмногу влијаат на економскиот раст како што се реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

Поврзани вести

Пандемијата ја зголеми побарувачката на вотка и виски во Русија

Stefanija Kuzmanovska

Хибридна форма на овогодинешното издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2020

Како да се преродат големите и традиционални компании?

Влатко Зорба