СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка во 2020 година

За време на романското претседателство Северна Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка, рече шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, на денешната прес конференција по 41. состанок на советот на министри за надворешни работи на земјите членки на организацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска во Грција се одржа 41. состанок, во рамките на грчкото претседателство, а од јануари 2020, палката ја презема Романија, кога и се очекува нашата земја да стане дел од Организацијата за црноморска економска соработка.

Захариева, на прес конференцијата, на која присуствуваа и министрите за надворешни работи на Грција и Романија, се осврна на минатото бугарско претседателство и донесените одлуки.

-Би сакала да споменам дека во Софија, сите земји членки гласаа за прием на Северна Македонија во нашата организација и ние сме подготвени да и посакаме добредојде за време на романското поретседателство, кога ќе се заврши процедурата на ратификацијата на повелбата, рече Захариева.

Во Организацијата за црноморска економска соработка членки се 12 земји Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина.

Поврзани вести

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

Влатко Зорба

Бесими: Компаниите кои ќе инвестираат во развој, нема да ги враќаат средствата од финансиската поддршка за плати

Влатко Зорба

Димовски: Можни се злоупотреби и на петтиот пакет мерки

Влатко Зорба