СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шкријељ: Како влада покажавме дека со сите мерки за вработување го намаливме процентот на невработеност

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска денеска посетија бизнис- Центар за пилатес „Пилатес поинт“ основан преку самовработување од Оперативниот план.

„Во две години инвестиравме во барање на 2.500 вакви микро бизниси коишто треба да напомене од 2017 година отворените 93% се уште се активни и 99% од оние што се основани во 2018 година се уште се активни. Ова укажува дека навистина оваа инвестиција за самовработување и отворање на микро бизниси им дава шанса на младите луѓе, од една страна да се самовработат, да станат активни на пазарот на трудот, но понатаму, развивајќи го својот бизнис да станат и вработувачи и да вработат други млади или невработени лица. Со оперативните мерки за вработување во изминатиот период вложивме финансиски средства коишто ги даваат своите резулатит. Искористеноста од страна на Агенцијата за вработување на финансиските средства изнесуваше повеќе од 97%. Како влада покажавме дека со сите мерки за вработување коишто директно инвестираат во преквалификација, доквалификација навистина го намаливме процентот на невработеност со 22,1% на рекордни 17,1 % и постигнавме околу 59,000 за само 2 ипол години што навистина дава еден континуитет во сите мерки коишто досега се направени“, рече Царовска.

За 2020 година издвоени се 1,3 милијарди денари од буџетот и уште 100 милиони од нашите партнери кои постојано ги поддржуваат овие активни мерки за вработувањеТоа се УНДП, УНОПС и останати партнери кои навистина сметаат дека вработувањата во нашата држава се приоритет.

„Она што нас не радува изминатите 2 години е што гледаме дека мерките се навистина добро таргетирани во однос на искористеноста и потребите на младите и жените затоа што доколку зборуваме за реализација на мерките во 2019 година ќе видиме дека половина од вкупното учество во сите активни мерки за вработување се токму младите девојки и жени и тоа нас особено не радува имајќи ја предвид високата економска неактивност на жените во нашата држава. Овде имаме еден прекрасен пример на две млади девојки коишто се здружиле за заедно да ја искористат оваа мерка за субвенционирање. И за мерката субвенционирање и сите други мерки, главен критериум минимум 30% учество на млади и жени. Но ќе повторам, реализацијата покажува дека половина од тие што ги користат мерките се млади и жени што нас не охрабрува и упатува дека треба да продолжиме во овој правец“, истакна Шкријељ.

Јовановска истакна дека Агенцијатата за вработувањe e подготвена за реализација на Оперативниот план за 2020 година.

„Во моментот се активни мерките практиканство и самовработување, а веќе од оваа недела ќе стартуваат и останатите мерки, со тоа што би сакала да кажам не само што во овој момент овие две прекрасни дами што се одлучиле за сопствен бизнис во 2019 година ние сме тука да им дадеме максимална поддршка за 2020 година да ги контактираме и да им кажеме кои се можностите што може во оваа година и во иднина да ги искористат од страна на државата, од Агенцијата за вработување заедно со Министерството за труд и социјална политика. Во моментот мерката самовработување е отворена со тоа што би сакала да напоменам за само една недела имаме над 1200 апликации. Иако имаме предвидено 1.364 самовработувања првично, ние тука не застануваме исто како измината година доколку има голем интерес, а веќе факт е дека има голем интерес, од буџетските средства ќе се обезбедат дополнителни средства за оваа мерка и доколку има поголем интерес од превидениот ОП истиот ќе бидат реализирани и поддржани“, рече Јовановска.

Сопственичките на „Пилатес поинт“ Јелена и Марија Чокреви велат дека отворањето сопствен бизнис е голема одговорност но и голем предизвик со којшто успешно секојдневно се борат.

„Сакаме да го охрабриме сите млади луѓе да ја искористат мерката самовработување и да аплицираат, бидејќи не е невозможно да ги остварат своите бизнис соништа, да имаат свој бизнис и да бидат свои луѓе“, рече Јелена Чокрева.

Поврзани вести

Реакции од синдикати и здруженија на граѓани за новите услови на мерката 14.500 денари

Берта Китинска

Невработените преведувачи и толкувачи бараат од Владата еднократна финансиска помош

Влатко Зорба

Северна Македонија со најниска плата во регионот

msp-admin