ЕКОНОМИЈА

Што е клучно за да успеете во бизнисот

Бизнисот е тежок. Ако не го разбирате, тогаш е уште потешко. Ако бркате само краткорочни парични придобивки, тогаш веројатно нема да успеете.

Многу вешти продавачи тврдат дека најважниот дел од бизнисот е вештината за продажба и се фалат дека добар производ не е од клучно значење за нив, затоа што тие се толку способни што можат да продаваат било што на било кој. Но, овој начин на размислување обично носи само краткорочни придобивки.

Овие се некои од правилата за тоа како да се создаде одржлив бизнис модел додека живеете исполнет живот и сте корисни за заедницата.

Креирајте нешто што има вистинска вредност

Производ кој има вистинска вредност е ‘рбет на успехот. Најбогатите луѓе во светот создадоа нешто вредно. Некои луѓе мислат дека производот не е толку важен и дека со добар маркетинг, ПР и вештини за продажба, можно е да се продаде сешто на секого.

Тоа е точно, но само во краток рок. Ако вашиот производ (или услуга) нема соодветна вредност, порано или подоцна ќе ја изгубите довербата на клиентите. Значи, што и да продавате, произведувате, создавате или за тоа сонувате, направете го тоа со најдобар интерес за вашите клиенти.

Пред некои од најголемите компании во светот да започнат со заработка, тие создадоа нешто од непроценлива вредност.

Мора да бидете страствени, креативни, иновативни… Ако правите сè како конкуренцијата сигурно нема да се истакнете. Оригиналот е секогаш подобар од копијата. И преземaјте ризик. Не плашете се да ризикувате.

Фокусирајте се на проблемот, не на производот

Не само што треба да создадете нова вредност, туку треба да барате начин да ги подобрите животите на другите преку вашиот производ. Ако вашиот производ или услуга го подобрат животот на другите на кој било начин или решат проблем, тогаш нема граница за вашиот бизнис. Не размислувајте за производот – размислете за проблемот што ќе ви помогне да го решите што е можно поефикасно. Ако успеете, ќе имате сигурен извор на пари.

Бидете автентични и транспарентни

Бидете автентични и транспарентни. Не давајте нереални соништа на клиентите. Бидете искрени за она што може да го постигне вашиот производ или услуга. Притоа, користете обични зборови што секој ги разбира и обидете се да бидете што е можно поедноставни. Запомнете: Луѓето не се глупави! Само преку чесни деловни односи и односи со клиенти, можете да постигнете вистински успех на долг рок.

Поврзани вести

Зголемени трошоците за животот и цените на мало

Stefanija Kuzmanovska

Исплатени 255 милиони денари субвенции за градинарски култури

Stefanija Kuzmanovska

Битиќи: Средствата од КОВИД акцизата ќе се искористат за поддршка на стопанството, здравстениот систем и полицијата

Берта Китинска

Хемискиот гигант „Баер“ плаќа оштета од 11 милијарди долари

Пет совети како да станете побогати

Влатко Зорба

Шапуриќ: Tутунoт ќе се откупи до 29 февруари

Берта Китинска