СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скопјанка со приход од 17 милион евра годишно е најбогатата Македонка

Највисока просечна бруто плата во 2019 година била исплатена во здравството и изнесувала 249.000 евра месечно. Втора по висина е просечната плата од 231.683 евра месечно, а третата е 187.971 евра.

Граѓанка од Скопје за 2018 година пријавила бруто-приход  од 1 милијарда и 57 милиони денари, односно околу 17 милиони евра по  што се најде на врвот на листата на лица кои имале највисоки годишни приходи информираа од Управата за јавни приходи.

Од  УЈП информираа дека најмладото лице кое е пријавено со над милион денари приход е двогодишник, роден во 2018 година кое доходот го остварил по основ на дивиденда.Најмладото лице во групата над 10 милиони денари приход имало 21 година.

На листата највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутински производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти. Највисокото лично примање по друг основ изнесува 119.268.921 денар на годишно ниво на граѓанин од Скопје. Во 2018-та година е остварен највисок износ на капитална добивка во последните 10 години, односно скопјанец по основ на
капитална добивка остварило вкупно 841.164.000 денари бруто приход“, изјави Лукаревска.

Поврзани вести

Ангеловска: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

МТСП: Ќе има дополнителна исплата на паричните права за корисниците кои беа клиенти на „Еуростандард Банка“, а не успеале да отворат нова сметка во дадениот рок

Никола Поповски

Oбложувалниците бараат да се продолжи рокот на уредбата за онлајн-обложување

Берта Китинска