СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Субјектите што нема да влезат во Регистарот на вистински сопственици ќе се соочат со проблеми со финансиското работење

Директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, на денешната прес-конференција, потенцираше дека доколку не се запазат законските рокови, субјектите кои треба да влезат во Регистарот на вистински сопственици, ќе се соочат со проблеми во насока на финансиското работење.

„За функционалноста на Регистарот на вистински сопственици, веќе посочивме дека ќе имаме навремен и вистински регистар и слика за македонското стопанство. Ние моравме во законот за перење пари, да воведеме алатка за релевантност во информациите. Овде треба да се спомене, дека од голема важност ќе бидат и банките. Оттаму, сите оние кои нема да го исполнат законскиот рок за уписот во рок од 90 дена, ќе се соочат со проблеми во финансиското работење“, истакна Трендафилов.

Поврзани вести

Ангеловска: Новините за субвенционирање на плати се за бенефит и на работниците и на работодавачите

Берта Китинска

Народната банка го јакне капацитетот со германска и хрватска помош

msp-admin

Кои професии носат најголем ризик од инфекција со коронавирус? (инфографик)

Stefanija Kuzmanovska