СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јаневски: Нашите граѓани, наместо надвор, да ја поминат новогодишната ноќ, па и божиќните празници, во некој од домашните туристички центри

Нашите граѓани, наместо надвор, да ја поминат новогодишната ноќ, па и божиќните празници, во некој од домашните туристички центри. Нека бидат туристи во сопствената држава. Тоа е мојата желба за 2020-та: да го зголемиме бројот на македонски туристи, тука, кај нас, рече директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски на денешната прес-конференција, последна за оваа година.

Сумирајќи го сработеното, Јаневски рече дека буџетот на Агенцијата е над 90 проценти реализиран, плаќањето на субвенциите е 99,83 отсто, а позитивната практика ќе продолжи и во следните 12 месеци. Најави продолжување на е-кампањата која почна овој месец со рекламирање на земјава на веб портали во земјите од регионот и постигна одлични резултати. Само вчера, кога почна промоцијата во Србија, „Маседониа тајмлес“ од оваа соседна држава имала 3.000 посети. Во фокус ќе бидат т.н. слободни патувачи, адреналинските форми на туризам, винскиот и гастро туризмот. Акцент ќе се стави и на националните паркови, како и на некои се уште неоткриени дестинации. Презентацијата на потенцијалите ќе биде сосема поинаква од досегашната – со т.н. поглед од 360 степени. Виртулно ќе биде внесена на сите светски саеми.

Оваа, 2019 година ќе заврши со околу 1,3 милион туристи, 3,5 милиони ноќевања и 308,5 милиони долари девизен прилив од туризмот во првите три квартали, што е во линија на очекувањата и таргетите на Агенцијата. Забележан е раст на странските туристи и ноќевањата.

За Агенцијата, една од стратегиските цели ќе биде продолжувањето на туристичката сезона која во 2019-та почна во април, а заврши во ноември.

– Многупати ги броиме странските туристи, велиме – толку дошле. Но, што правиме со домашните. Би сакал да апелирам, дочекот на 2020 година да го искористиме – сите Македонци да си ги посетат своите родни места, да си бидат туристи во нашите туристички центри. Тоа е мојата желба за 2020-та: да имаме поголем број домашни туристи во македонските туристички центри и туристичкиот сектор да бележи двоцифирени резултати, рече директорот.

Најголем скок од 61 отсто бележи шпанскиот пазар, по него е грчкиот со 45 проценти, а потоа следуваат германскиот, романскиот и словенечкиот.

– Во 2020 година, покрај предизвикот да создадаеме одржлив туризам, очекуваме нешто повеќе од 1,3 милиони туристи и да имаме преку 420 милиони долари директен девизен прилив. Наша обврска како туристички сектор е да имаме и што повеќе нови работни места во руралните средини и руралниот туризам сериозно да почне да се развива, во наредните години што повеќе да зборуваме за мали, семејни бизниси, напомена директорот Јаневски.

Поврзани вести

МФ: Интересот на граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан” е голем

Влатко Зорба

Скопскиот аеродром го доби признанието „Гласот на клиентот“

Влатко Зорба

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани