СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Епл направи заштитна маска која штити од корона (ВИДЕО)

Повеќето технолошки гиганти придонесуваат во борбата против пандемијата на коронавирусот, последната компанија во серијата е Епл.

Тие дизајнираа своја заштитна маска наречена Еплс маска.

Тие се одлучиле на ваков потег со цел да ги заштитат своите работници кои ги добиле овие маски за употреба. На YouTube каналот Unboxing Therapy добивме шанса да видиме како изгледаат. Во една кутија, добивате пет маски што можат да се користат осум часа, а треба да се напомене дека може да се мијат и до пет пати. Маските ги дизајнирале вработените во „Епл“, додека биле изработени во Кина, пренесува „Зимо“.

Овие пет маски се наоѓаат во заштитната фолија што е во самата кутија. Интересно е што секоја кутија има сериски број, што значи дека Епл ќе може да води евиденција за тоа колку направиле, поделиле и слично. Кутијата содржи и упатства за употреба и одржување на маската. Епл ги намести овие маски само за своите работници, што значи дека не се на продажба, но тоа не мора да значи дека нема да бидат во иднина.

Поврзани вести

Апликацијата МојДДВ сега достапна и на AppGallery на Huawei

msp-admin

Facebook воведува „Feed Filter Bar“ за приоритетна содржина

Влатко Зорба

Xiaomi Mi 10 Pro забележа рекорден резултат на бенчмарк-тестовите на AnTuTu

msp-admin