СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бизнис конфедерација на Македонија: Четвртиот пакет мерки се амортизер на негативните ефекти од кризата

31 мерка колку што содржи четвртиот пакет мерки се насочени и кон граѓаните и кон стопанствениците. Тие се сеопфатен амортизер на состојбите и одржлив механизам бидејќи во разни дејности и во различен обем потребите на приватните субјекти се различни, велат од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Овие мерки се амортизер на негативните ефекти од кризата но меѓу нив има и мерки кои се однесуваат на одржливоста во работењето на компаниите и во време на криза и надвор од неа, како на пример, намалувањето на ДДВ за занаетчиите, признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување, намалувањето на увозните давачки за природен гас итн., вели Миле Бошков.

Во однос на субвенционирањето на платите, добро е вели Бошков што со овој пакет се предвидени и казнени одредби за газдите кои на работникот нема да му исплатат плата.

Злоупотребите се темелат врз концептот на корпоративна пракса на сопствениците и менаџерите во компаниите, односно доколку основата е злоупотреба и измама, во тој случај ниту една опасност од казна не би ги предомислила работодавачите.Секако дека најавата за кривична одговорност и пресудите од случаите од претходниот период ќе имаат голем ефект, вели Бошков.

Ковид кризата ја доведува во прашање исплатата на регресот за годишен одмор познат како К- 15 особено за фирмите кои не работат со добивка. Според најавите од Владата правните субјекти кои годинава нема да остварат добивка не треба да исплатат регрес на своите вработени. Бошков вели дека заради короната, ќе има многу такви.

За жал голем број од компаниите не ќе можат да го исплатат регресот за годишен одмор.Во колективните договори за приватниот сектор се предвидени одредби кои предвидуваат намалување на исплатата на износот за регрес или пак објаснување за одложувањето на оваа обврска за време на подобри економски резултати на компаниите, вели Бошков.

Сетот мерки се очекува да почне да се применува од октомрви но најверојатно за дел од нив ќе треба законски интервенции што значи ќе треба да го поминат собранискиот филтер. Дотогаш стопанствениците, вели Бошков, ќе мораат да најдат начин да ги одржат фирмите во живот и во вака тешки услови за водење бизнис.

Постојат иновативни, агресивни и интензивни решенија за кои компаниите ќе мора да бидат подготвени и информирани.Секако до моментот на добивање помош треба да се издржи, а тоа за жал ја остава отворена можноста од неликвидност и затворање.

Најновиот сет мерки тежок 470 милиони евра, меѓу другото опфаќа скалеста поддршка на платите на работниците до крајот на годината.Со неа Владата очекува дека ќе се поддржат 250 000 работни места за кои ќе се издвојат 70 милиони евра.

Калина Б. Стојановска

Поврзани вести

„Визер“ ги суспендира сите летови помеѓу Италија и Македонија до 31 јули

Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

Влатко Зорба

Од Турција до Италија: Паѓаат цените за сместување, вака земјите ги анимираат гостите