СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ има 100% реализација во делот на капиталните инвестиции за 2020-та

Дирекцијата за технолошко развојни зони – ТИРЗ во 2020 година има реализација од 96% на планираниот буџет. Во делот на капиталните инвестиции има 100% реализација. За таа цел се исплатени 5,5 милиони евра.

Најголем дел се инвестирани во сообраќајната инфраструктура и асфалтирање, гасоводната инсталација, хидротехничката инфраструктура, водоснабдителен систем и со целокупната потребна пропратна инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, улично осветлување.

За следната година се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Истовремено во соработка со Светската банка, ТИРЗ ќе креира и „Посебен стратешки инвестициски фонд” преку кој државата и приватните инвеститори заедно ќе вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура. Со овој фонд ќе се инвестира и во постојните индустриски зони во општините, каде поголем број компании се домашни.

Дирекцијата воведува и нов пристап во привлекувањето на инвестиции според кој и домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

Поврзани вести

Бектеши: Оваа недела ќе биде објавен огласот за вградување плински уреди во возилата

msp-admin

Како да одгледате финансиски писмени деца?

Влатко Зорба

Компаниите со ниски приходи ќе добијат поголема финансиска поддршка за исплата на плати

Берта Китинска