СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Туристичките работници со ултиматум, ако нема субвенции за плати најавуваат протести

Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го променат овој проткол за автобусите, бидејќи, како што посочуваат во соопштението, во ниту една земја во светот не постои таква одлука.

– Дали авион со 150 патници е побезбеден од автобус со 50 во кој се почитуваат сите здравствени протоколи? Додека се донесува одлука за враќање на децата во училишта, имаат време и да го разгледаат овој проблем, се вели во соопштението од туристичките работници.

Доколку не добијат субвенции за плати, велат, приморани се да стават клуч на врата, а со тоа, како што нагласуваат, пропаѓаат сите можности за обештетување на стотици илјади граѓани кои уплаќале за своите патувања.

– Никој не сака да живее на товар од државата, но таа мора да застане на страната на секторите кои паднаа колена со појавувањето на корона кризата, реагираат туристичките работници.

Додека државите се обидуваат да им помогнат на сите дејности, особено туризмот, наведуваат, нашата дополнително ја оневозможува и отежнува ситуацијата.

– Зошто никој ниту еднаш не излезе со конкретен одговор досега за кое било од нашите барања? Зошто државата се крие зад изговорот дека се чека Влада да се оформи, а во меѓувреме донесуваат други „важни“ одлуки? Зарем ние не сме важни? Кому му одговара да потоне туризмот и зошто свесно се избегнуваат нашите апели? Дали некој од министрите за економија, финансии, здравство и надворешни работи воопшто имаат совест? Додека сите тие заминаа на годишен одмор и покрај препораките да не се патува, ние не знаеме како да ги подмириме трошоците, се вели во соопштението.

Туристичките работници најавуваат масовни протести и блокирање на сите улици, доколку оваа недела не се донесат овие одлуки.

Поврзани вести

Битиќи на отворањето на OECD центарот во Истанбул: Преку подобри економски политики заеднички да креираме општества со поголема благосостојба

Влатко Зорба

Стопанската комора за фотографска и видео-дејност бара средба со Владата

Влатко Зорба

На берза од денеска ќе се тргува до 13 часот

Stefanija Kuzmanovska