20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП ги објави должниците, ТЕ-ТО останува на врвот

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави првата Листа на должници за оваа година, на којашто се најдоа 1.974 должници – правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2021 изнесува 10.562.899.875 денари, повеќе за 237.467.663 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.356.128.004 денари (повеќе за 82.035.038 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.771.871 денари (повеќе за 155.432.625 денари од претходната листа).

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2021 за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Од компаниите, најголем должник останува ТЕ-ТО со долг од 722,821,318 денари.

Поврзани вести

Грција крои план да привлече супер богати луѓе

Stefanija Kuzmanovska

Преку проектот МСИП реализирани 99 проценти од капиталните инвестиции во 32 општини

Влатко Зорба

Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав, оценува ММФ

Влатко Зорба