СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Велигденска донација од Еуроникел Индустри за деца во социјален ризик и штитеници на Дневниот центар во Кавадарци

Празнични пакети со производи е донацијата од Еуроникел Индустри за Дневниот центар и Специјалните паралелки при ОУ „Страшо Пинџур“ како и во Малиот групен дом, кој се грижи за децата во социјален ризик во Кавадарци. Поводот за оваа донација во социјално-едукативни и згрижувачки установи во Кавадарци, се претстојните велигденски празници, како традиционална пракса на компанијата. Во изминатите години, штитениците на овие установи беа редовни гости на Еуроникел Индустри, при што се организираше и Велигденски пазар. Годинава, формата е поинаква заради Ковид пандемијата, но традицијата и понатаму продолжува.

Како дел од локалната заедница Еуроникел Индустри континуирано ја дава својата поддршка во бројни аспекти од општествениот живот и го помага развојот на балансирана социјална состојба за сите. Претставниците од компанијата, во пресрет на поголемите празници, покрај посетата на домовите и центрите за згрижување лица во социјален ризик и доставата на донации, секогаш поминуваат време во дружба со штитениците во празнична атмосфера.

Поврзани вести

Првата современа фабрика за отпад во земјава ќе се гради наредната година

Економскиот совет го разгледа дополнителниот пакет мерки за справување со економските последици

Поповски предлог на „Орка холдинг“ за член на Одборот на директори на ЗК Пелагонија

Влатко Зорба