За втората линија бескаматни кредити – Ковид 2, се примени околу 2.500 апликации. Повикот е објавен на 29-ти април, а ќе трае до 13-ти мај 2020 година. Владата повикува компаниите да аплицираат и за овие поволни кредити кои ја поддржуваат нивната ликвидност.Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија со исклучително поволни кредити во износ од 51 милион евра.
Мерките за поддршка на компаниите ја поттикна и брзата адаптација на текстилната индустрија и земјоделството. Со брзото прилагодување на ситуацијата за производство на лична заштитна опрема, за што Владата објави јавен повик, текстилните компании се адаптираа на потребите и на поширокиот пазар, па така извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем со април минатата година.Во критичен момент, кога настапи полниот ек на сезоната на работата во земјоделството, особено во производството на раноградинарските култури Владата ги иззеде земјоделците од уредбата за ограничување на движењето, и во овој период имаме зголемен извоз на раноградинарски култури.Владата на Северна Македонија презеде навремени и сериозни мерки за помош на граѓаните, на економијата, и спас на што повеќе работни места, а во подготовка е нов сет мерки, насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.