СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во Црна Гора регистрирани 63 милионери

Во Црна Гора има 63 милионери кои имаат милион и повеќе евра на своите банкарски тамошни сметки, според месечните податоци доставени од банките до Централната банка.

Најголемиот депозит на физичко лице изнесува 9,7 милиони евра, а станува збор за нерезидент, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на дневниот весник „Побједа“.

Бројот на граѓани кои имаат депозит во износ од еден милион и повеќе евра е поголем за три во споредба со крајот на февруари годинава, објасни Централната банка.

Додека бројот на милионери се зголеми, најголемиот единечен депозит се намали за 900.000 евра во споредба со крајот на април, кога беше 10,6 милиони евра.

Забрана за откривање на идентитет

Најновите податоци на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека осум физички лица имаат депозит поголем од три милиони евра.

Две физички лица имаат депозит во износ поголем од пет милиони евра, додека ниту едно физичко лице нема депозит над десет милиони евра, соопшти Централната банка.

Законот спречува откривање на информации за тоа кое лице има најмногу пари на сметката во банка.

Поврзани вести

Халкбанк ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Влатко Зорба

Заев: Стартува помошта предвидена со четвртиот пакет економски мерки

Гошев: Акционерите и менаџерите имаат вина за пропаѓањето на Еуростандард банка

Александар Петровски