СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев по повод 1 Мај: Обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев со видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

„1 Мај, празникот на работничките и работниците, и оваа година го одбележуваме во посебна состојба заради условите што ги наметна пандемијата.

Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места. Токму затоа, на прво место на економските приоритети на Владата, уште од почетокот на пандемијата беше македонскиот работник – обезбедивме поддршка за да се зачуваат илјадници работни места, за илјадници вредни работници редовно да земаат плати и да однесат приход во своето семејство.

Работните места на прво место! Тоа беше главната цел на првите состаноци со економските тимови кога почна пандемијата. И задоволен сум што оваа наша цел немаше многу противници – напротив, преку заеднички консултации и со фирмите и со синдикатите, успеавме да ги задржиме работните ангажмани на многу наши граѓани и со тоа да ја држиме економијата жива и динамична.

Со тоа уште еднаш се докажа дека работниците се движечката сила на економијата и на развојот на нашето општество.

И покрај ударот од глобалната Ковид криза, платите продолжија да растат – и ќе растат понатаму. За неполни четири години минималната плата ја донесовме од 9.000 до над 15.000 денари. Тоа е повеќе од 6.000 денари месечно по лице, или 72.000 денари повеќе за секој работник годишно. И ќе расте.“, вели Заев.

Поврзани вести

Со браната „Конско“ се обезбедува наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Лукаревска: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните

msp-admin

Народна банка: Спроведовме активности со кои го заштитивме имотот на „Еуростандард банка”, што е важно за спроведувањето на стечајната постапка

Никола Поповски