СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев во Визбегово: Обезбедуваме 600 милиони евра поддршка за развој на бизнисот

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес оствари средба со голем број на стопанственици кои се индустриската зона во Визбегово каде што активно работат голем број на компании.

При средбата Заев изјави: СДСМ го слуша гласот на граѓаните и се зафаќа со решавање на нивните проблеми. Затоа обезбедивме речиси 150 милиони денари и започнавме со изградба на канализациска мрежа во индустриската зона.

Мрежата се состои од два крака со вкупна должина од 5.209 метри, и како што е планирано ќе биде готова во март 2021 година.

Во тек е изградба и на водоводна мрежа за Индустриска зона Визбегово во должина од 7,3 км.

Инвестираме и ќе инвестираме во инфрастуктурни проекти, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и од 2006 до 2017 година во Визбегово реализираше НУЛА проекти.

Ние за само 2,5 години изградивме над 400 километри водоводни и канализациски мрежи насекаде во државата.

Тука, во рамките на нашите настојувања за подобрување на инфрастуктурата, почнавме реализација на еден голем проект, со огромно значење за развојот на економијата.

Тоа е автопатот Скопје – Блаце. Знаете дека во тек е тендерска постапка, за оваа делница, а исто така морам да нагласам дека за овој патен правец добивме грант од Европската унија во висина од 28 милиони евра.

Ова е само почеток на реката европски фондови од 2 милијарди евра, кои ќе започнат да се влеваат во земјата во наредните години, заедно со пристапните преговори со ЕУ.

Во новата програма, за следниот 4 годишен мандат имаме предвидено нови проекти и мерки за подоброување на животот на граѓаните.

Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина.

До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Минималната плата ќе ја зголемиме на 300, а просечната на 600 евра, а продолжува и мерката за субвенционирање на придонесите за работодавачоте, кои ќе им ги зголемат платите на работниците.

Покажавме дека ако се работи чесно и одговорно има пари за се во државата, и по истиот пат ќе продолжиме и во наредните четири години.

Поврзани вести

Бесими: Раст кај вкупните приходи од 3,1%, кај даночните од 4,2%

Влатко Зорба

Еве што се купува во Европа за време на пандемијата

Stefanija Kuzmanovska

Издадени 199 одобренија за градење во јануари, пад од 24.6 % во однос на минатата година

Влатко Зорба