СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Законите од петтиот пакет економски мерки ќе бидат изгласани во наредните денови

По вчерашниот договор помеѓу пратениците во Собранието, премиерот на РСМ, Зоран Заев верува дека законите од петтиот пакет економски мерки во наредните денови ќе бидат изгласани и од наредната недела ќе почне нивната примена.

-Одлуките се донесоа, комисиите веќе работат, денеска, утре, задутре, заради тоа што законите се по скратена постапка и верувам дека во наредните денови веќе Парламентот ќе ги изгласа. Се работи за закони од петтиот пакет мерки. Компаниите ги поднесоа обрасците за плати, секако труд и социјални работи и УЈП веќе ги имаат категорите кои треба да добијат 6.000 денари поддршка од оние кои не добија претходниот пат, и сите други мерки, вкупно беа 30-ина коишто се предвидени од петтиот пакет. Дел се веќе реализирани, но тие кои чекаат на новите законски решенија очекувам наредната недела да почнат со практична примена, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Делчево.

Уште еднаш го поздрави прагматичниот чекор на Парламентот за законите од петтиот пакет мерки затоа што, потенцираше, само така потврдуваме дека постоиме да им служиме на граѓаните.

Поврзани вести

Битиќи: Акцентот на нашата соработка со земјите од регионот не треба да се става на проблемите, туку на решенијата

Влатко Зорба

Кои професии носат најголем ризик од инфекција со коронавирус? (инфографик)

Stefanija Kuzmanovska

Од денес можност за верификација со печат „чисто и безбедно“ за сместувачки објекти од мал обем