СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Започнува постапката за изведба на Клучката кај Момин Поток

Градот Скопје започнува со постапката за изведба на Клучката кај Момин Поток во општина Карпош. Имено, се предвидува изградба на два кружни тека, кои значително ќе го намалаат собраќајниот метеж во овој дел од градот. Еден од кружните текови ќе биде меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а другиот кај булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, Обиколницата и косовската граница.

На денешниот јавен настан, градоначалниците Стефан Богоев, Петре Шилегов и другите градоначалници од соседните општини зборуваа за важноста на овој проект, кој по својата комплексност е сличен како изведбата на клучката кај хотелот „Континентал“.

– Во изминативе 3,5 години, до мене и до општината, особено пристигнуваа барања за решавање на овој проблем на граѓаните – жители на Криви Дол, но и од оние кои живеат во Бардовци, Злокуќани. Кружниот тек меѓу бул. „8 Септември“ и „Скупи“ и тоа како ќе придонесе за намалување на метежот, кој во некои случаи е видлив и до спортскиот центар „Борис Трајковски“, рече Богоев.

Тој истакна дека овој проект ќе придонесе и за поврзување на урбаното јадро со периферните делови. На овој начин, се овозможува развој на надворешните делови на Скопје и дисперзирање на градбата кон тој потег, што претставува и изборно ветување на обајцата градоначалници.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов се осврна на спефициките на проектот. Истиот ќе биде во вредност од 18 милиони евра.
Тој истакна дека на целиот овој потег дневно поминуваат и до 25.000 возила, а по должина на булеварот „Словенија“ ќе биде поставено и нов лед осветлување, пешачки и велосипедски патеки.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на булеварот „Никола Карев“. Претходно, Градот Скопје на територија на Карпош ги реконструираше и деловите од булеварите „Илинден“, „Партизански одреди“ и „8 Септември“.

Поврзани вести

Заев во „Маркарт“: Новите инвестиции отвораат нови работни места

msp-admin

Заев во Визбегово: Обезбедуваме 600 милиони евра поддршка за развој на бизнисот

Шест месеци одложено плаќање за сите обврски, нуди Стопанска банка

Берта Китинска