СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зголемени цените на индустриските производи на домашниот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.3 % на месечно и за 3.2 % на годишно ниво.

Во февруари 2021, во споредба со јануари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 3.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.5 %.

Во февруари 2021, во споредба со февруари 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 13.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.0 %.

Поврзани вести

Започнува четвртата генерација стартапи низ акцелераторската програма „И од Битола се може(и)”

Влатко Зорба

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

Влатко Зорба

ЈП Комунална хигиена Скопје купува комунални возила од БРАКО за над милион евра

Влатко Зорба