СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зголемување на прагот за ДДВ обврзници

Ќе се зголемува прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ. Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста.

Ова го најави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

– Прогресивниот данок е воведен, ние го викаме правичен. Во делот на физички и правни лица за лимитот на ДДВ од еден милион денари, Министерството за финансии работи на таа проблематика, бидејќи се уште нема методологија за поврат на ДДВ. Следните денови Министерството за финансии ќе излезе со податок во фукција на исполнувње на програмското ветување на оваа Влада. Ќе има промени, не знам дали ќе биде три мииони, два милиони, 2,5 милиони или слично, ќе има одредени промени како поддршка на економијата и севкупната потрошувачка на граѓаните, изјави премиерот.

Поврзани вести

Ангеловска: Предвидени највисоки средства досега за столбовите на човечки капитал – образованието, здравството и социјалната грижа

Влатко Зорба

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување

Влатко Зорба

Се отвораат аеродромите во Скопје и Охрид од први јули со нови правила за патување