Без оглед кој ќе победи на изборите во САД, ловците на злато ќе победат, изјавил Џејмс Растех, главниот директор за инвестиции на Кост Капитал, во интервју за Си-Ен-Би-Си.
Тој објаснил дека тоа ќе се случи затоа што САД најверојатно ќе усвојат значителна програма за фискален стимул, насочена кон стимулирање на економската активност, што обично доведува до поголем дефицит. Ова може да ги охрабри инвеститорите да ги пренасочат своите пари кон побезбедни средства како што е златото, а истовремено да ги зголемат цените на златото.
„Билиони долари ќе бидат дополнително отпечатени, што на крајот ќе има исклучително позитивни последици врз златото“, рече тој, додавајќи: „Фискалната и монетарната политика би биле скоро идентични под секое раководство. Мислам дека разликите што можат да се видат се повеќе имагинарни отколку реални“.
Цената на златото се зголемила за над 2.000 американски долари во август, а во последните недели цената била околу 1.900 американски долари. Жолтиот метал паднал за еден процент и денес во 9 часот наутро, по средноевропско време, изнесувал 1.893 долари.
Во извештајот на Светскиот совет за злато минатата недела се наведува дека светската побарувачка и снабдување за благородниот метал паднале во последниот квартал поради пандемијата.
Расте објаснил дека ловците на злато сега трошат повеќе капитал за да најдат ново злато, па дури и кога ќе го пронајдат, квалитетот на откриениот благороден метал е многу помал. „Откриваме многу помалку злато отколку што произведуваме“, вели тој, додавајќи дека за една деценија ќе произведуваме 50 проценти помалку злато отколку денес“.
Според Растех, вложениот капитал на пазарот на злато оди во средства кои се тргуваат на берзата или во ЕТФ, каде доминираат главните играчи.
Бидејќи овие поголеми играчи не откриваат значителни, нови извори на злато и дека им снемува од резервите, веројатно ќе бидат принудени да купуваат помали имиња на пазарот.