СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зошто е потребно да се рециклира пластиката?

Рециклирањето на отпадната пластика им дава нов живот на други пластични производи, а воедно се заштитува животна околина од загадување. Како материјал, пластиката има многу предности, сепак, посебно внимание треба да се посвети на отпадот од пластика. Рециклирањето на пластиката е најдобро решение за пластичниот отпад што секојдневно се создава.

Наместо да го зафаќаат целиот простор во депониите, пластичните шишиња може да имаат повторна употребна вредност како целосно нов производ. Пластиката не се распаѓа лесно, всушност потребни се стотици години да се разложи. А во однос на реупотребата на пластиката еден пример кажува дека пет рециклирани пластични артикли можат да направат доволно полиестер фиберфил за да наполнат јакна за скијање.

Дневно во Македонија се создава пластика во огромни размери, што од домаќинствата но и од стопанските субјекти, коишто пак имаат обврска сопствените количини пластика да ги дадат на рециклирање. Од употребената пластика помалку од 25% се рециклира. Ова доведува до создавање неконтролирани депонии низ целата држава, во општинските депонии, речните корита и на периферијата. Наместо да ја загадува нашата животна средина, оваа пластика може да се рециклира.

G&O Waste Solution е една од компаниите во Македонија што се занимава со рециклирање на пластичниот отпад и притоа користат иновативен и еколошки прифатлив метод. Со нивната современа технологија, пластиката се селектира, се компресира и се балира во форма на бали, а потоа се извезуваат.

Со методот балирање мешаната пластика прво со магнетни сепаратори се одделува од металниот дел доколку има, а потоа истата таа мешана пластика поминува низ ротационо сито со цел да се одделат 2 фракции на отпадот. Секоја фракција се пренесува на транспортна лента каде на едната се одвојуваат цели пластични амбалажи кои потоа се селектираат според вид и боја, PET, LDPE и HDPE пластика, а на другата лента се издвојуваат мали фрагменти секаков вид пластика. Во следниот чекор, пластиката се компресира и се балира. Вака спакуван, пластичниот отпад се извезува надвор од Македонија.

Целиот процес на селектирање и пакување на пластичната амбалажа во G&O Waste Solution е механички и не подразбира никаква хемиска обработка, без употреба на какви било хемиски средства и без термичка преработка. Тоа го прави овој процес еколошки, стандардизиран според националните и европските регулативи и пријателски во однос на животната средина и непосредната околина.

На пластиката и треба долго време за разградување а ова се некои од најчесто користените пластични амбалажи:

Поврзани вести

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар

Влатко Зорба

Македонија се враќа на преткризно ниво за две години

Влатко Зорба

Путин: Најчуствителното прашање за руските компании во моментов е падот на побарувачката