СТАНДАРД life
Фитнес

🎥HIIT вежби за топење на масните наслаги: Согоруваат калории за 11 минути!

Многумина ќе речат дека трчањето е еден од најдобрите начини за губење на вишокот килограми, особено маснотиите што се наталожиле таму. Да, кардио тренингот е добар за согорување на маснотии, но во тренингот треба да се вклучат и одредени вежби.

Истражувањата покажаа дека HIIT е една од најдобрите форми на вежбање која го подобрува кардиоваскуларното здравје, а нема да ви треба посебна опрема, пишува „Т3“.

Што подразбира овој тренинг?

Ќе треба да направите четири вежби, од кои две се комбинирани. Секоја вежба се прави 45 секунди, по што следи одмор од 15 секунди, а крајната цел е да се завршат вкупно три сета.

HIIT вежби

Сквот скокање

Како што кажува името, направете длабок сквот и кога ќе станете – скокнете.

Склекови со „клоци“

Почетната поза е склек, потоа со левата рака допрете го десното рамо и обратно – со десната рака допрете го левото рамо. Откако ќе го направите ова, „стигнете“ со рацете до нозете и полека исправете се.

Планинар

Повторно е поза како за склекови. Брзо ги нозете (едната, а потоа и другата) повлечете ги до градите, а потоа повлечете ги двете нозе нагоре, скокнете и повторете ја вежбата.

Обратни ножици

Легнете на грб така што ќе бидете потпрени на лактите. Подигнете ги нозете малку над подот и движете ги нагоре и надолу.

Експерти: 10 вежби кои согоруваат најмногу калории

Поврзани вести

Емили Ратајковски тренира еднаш неделно: „Најдоброто тело“ на Холивуд воопшто не сака теретана

Urednik

Колку треба да го тренирате задникот за да има резултат?

Urednik

Затегнете ги нозете за 7 дена со овие вежби: Ви требаат 20 минути дневно

Urednik