Додека светот се подготвува за уште еден Црн петок (Black Friday), кој оваа година паѓа на 28 ноември 2025 година, трговците веќе ги изостриле своите алгоритми и ги подготвиле своите најагресивни маркетиншки кампањи досега. Во ерата на напредна вештачка интелигенција и персонализирани реклами и огласи, спротивставувањето на впечатливите попусти е потешко од кога било.
Но, според астролозите, не секој хороскопскои знак е подеднакво подложен на манипулација. Постојат знаци на Зодијакот кои се речиси „програмирани“ да паднат на слатки ветувања и na етикети „акција“.
Комбинацијата од природна наивност, импулсивност и желба за угодување на другите ги прави одредени знаци идеални цели за маркетиншките стручњаци. Ако припаѓате на еден од овие четири хороскопски знаци, подгответе се, ѕвездите предупредуваат дека вашиот паричник би можел да страда поради триковите на кои веројатно ќе наседнете.
1. Риби – кралеви на емпатијата и жртви на „раскажување приказни“
Рибите се познати како најголемите сонувачи на Зодијакот, а нивната емпатија честопати ја надминува логиката. Токму оваа карактеристика ги прави прва цел на емоционалниот маркетинг. Маркетерите знаат дека рибите не купуваат само производ; тие ја купуваат приказната, чувството и фантазијата.
Според „Јаху лајфстајл“ (Yahoo Lifestyle), Рибите имаат сочувствителен пристап кон луѓето и светот, што ги прави лесни за искористување. Нивната желба да им угодат на другите и природната лековерност значат дека ретко ќе ги доведуваат во прашање информациите што им се сервираат.
На кои трикови наседнуваат? За Црниот петок 2025 година, Рибите најлесно ќе наседнат на реклами кои играат на картата на хуманост или екологија. Ако некој бренд тврди дека со купувањето на одреден производ донира едно евро за спасување на океанот или дека производот го изработила загрозена заедница, Рибите нема да ги проверат ситните букви ниту легитимноста на организацијата.
Тие ги отвораат своите паричници штом почувствуваат и најмала емоција. Исто така, тие се склони кон фантазија, ако рекламата ветува дека одреден парфем или парче облека ќе им го претвори животот во бајка, Рибата веќе е спремна да го купи.
Психолозите и астролозите предупредуваат дека Рибите често се губат во „морето од распродажби“, завршувајќи со кошница полна со работи што всушност не им се потребни – од комплети за ароматерапија до макраме фаќачи за соништа – само затоа што ги „почувствувале“ во тој момент.
2. Вага – жртви на естетика и лажна ексклузивност
Иако Вагите се гордеат со својата интелектуална страна, кога станува збор за шопинг, нивната потреба за хармонија и убавина станува нивна Ахилова пета. Вагите се естетите на Зодијакот и се исклучително чувствителни на визуелни впечатоци.
Астролозите истакнуваат дека Вагите често стануваат опсесивни во својата желба за мир и хармонија, што може да ги направи лековерни. Во контекст на купувањето, ова значи дека Вагата ќе ги игнорира логичките инстинкти ако производот изгледа убаво или ако рекламата ветува дека предметот ќе им донесе општествен статус и восхит од околината.
На кои трикови наседнуваат? Вагите се слаби во однос на „луксузни пакувања“ и производи „ограничено издание“. Трговците лесно ги лажат со „надуени“ оригинални цени. Ако видат дека кремот за лице е намален од 100 на 50 евра, Вагата нема да провери дали тој крем некогаш навистина чинел 100 евра.
Тие гледаат можност за луксуз по поприфатлива цена. Исто така, Вагите се подложни на влијанието на инфлуенсерите. Ако нивната омилена личност промовира „задолжителен“ (must-have) производ за уредување на домот на социјалните мрежи, Вагата ќе чувствува притисок да го поседува за да биде во чекор со трендовите.
Нивната неодлучност е исто така проблем, тие често купуваат цел пакет производи затоа што не можат да се одлучат само за еден, убедувајќи се себеси дека тоа е „паметна инвестиција“..
3. Овен – импулсивни ловци на зделки
Додека Рибите паѓаат на емоции, а Вагите на убавина, Овните паѓаат на адреналин. Како огнен знак управуван од Марс, Овните дејствуваат веднаш и размислуваат подоцна. За нив, Црниот петок не е само за шопинг; тоа е натпревар во кој мора да победат.
Овните се опишуваат како потрошувачи кои не сакаат толку да го поседуваат производот, колку што го сакаат чувството на победа над другите. Оваа невнимателност создава плодна почва за маркетиншка манипулација зсаснована на итноста.
На какви трикови наседнуваат? Одбројувањата на веб-страниците „понудата истекува за 03:25 минути!“ и ознаките „остануваат само две парчиња на залиха“ се дизајнирани токму за мозокот на Овнот.
Кога ќе видат дека времето истекува или дека некој друг може да го зграпчи тој 4K телевизор пред нив, Овните ја губат способноста за критичко размислување. Ќе ги игнорираат сите аларми, рецензии, па дури и здравиот разум. Тие се подготвени да се борат во продавниците или френетично да ја освежуваат вебстраницата за да го купат најновиот гаџет, дури и ако нивниот стар работи совршено.
Трговците ја искористуваат оваа импулсивност нудејќи „Flash sales “ – брза рапродажба со лоши услови за враќање, знаејќи дека Овнот нема да ги прочита правилата пред да ја употреби картичката.
4. Близнаци – изгубени во морето од информации
Иако Близнаците се сметаат за интелигентни и брзо остроумни, нивната љубопитност и непостојано внимание ги прават лесен плен за софистицирани дигитални кампањи. Близнаците сакаат сè, и го сакаат тоа сега, веднаш, но нивниот фокус трае помалку од една инстаграм-приказна.
Според астролошките анализи за сезоната Црн петок, владетелот на Близнаците, Меркур, често може да биде во неповолна позиција во текот на овој период, што доведува до расфрлани мисли.
Близнаците се оние купувачи кои отвораат 50 картички во прелистувачот споредувајќи цени, и на крајот, исцрпени и збунети, кликнуваат на најшарената реклама што ќе им се појави (pop-up).
На кои трикови наседнуваат? Насловите „clickbait“ и впечатливите реклами што ветуваат „револуционерни“ карактеристики се нивна слабост. Близнаците лесно се скренуваат од патот – тие тргнуваат да купат нов мобилен телефон, а на крајот купуваат тостер, паметен часовник и претплата за курс по јазик што никогаш нема да го завршат.
Маркетиншките триковите што нудат „шведска маса“ со опции или кутии за претплата (subscription boxes) со елемент на изненадување се особено опасни за нив. Бидејќи се плашат да не пропуштат нешто, лесно е да ги убедите да купат дополнителни работи и осигурувања што всушност не им се потребни.
Трговците ја искористуваат нивната неодлучност бомбардирајќи ги со „препорачани производи“ во последен момент, на што Близнаците, во брзање и возбуда, честопати се согласуваат.
