Некои пријателства траат цел живот, а некои природно се распаѓаат со текот на времето. Но, постојат луѓе кои не чекаат работите да исчезнат – тие се подготвени сами да повлечат граница кога ќе почувствуваат дека врската повеќе нема смисла.
Без разлика дали станува збор за скршена доверба, чувство дека се искористени или само обична емоционална исцрпеност, овие знаци немаат проблем да го прекинат пријателството. За нив тоа не е драма, туку неопходна одлука.
Според астрологијата, овие хороскопски знаци се познати по тоа што најлеснo го прекиnuvaat она што повеќе не им служи – без многу размислување.
Скорпија
Луѓето родени под знакот на Скорпија се познати по својот интензитет и длабоки емоции, но кога се чувствуваат предадени – нема враќање назад. Нивната доверба е тешко да се стекне, а уште потешко да се врати. Ако почувствуваат дека некој ги лаже, ги манипулира или не ги цени, тие се подготвени да прекинат секаков контакт без објаснување. Во нивниот свет сè е црно-бело – или сте со нив или не сте. Затоа пријателствата со Скорпиите можат да бидат длабоки, но и краткотрајни.
Близнаци
Близнаците се друштвени, забавни и сакаат да имаат широк круг познаници, но тоа не значи дека емоционално се врзуваат за сите. Ако врската стане заморна, здодевна или ограничувачка, тие едноставно исчезнуваат од животот на другата личност. Тие ретко влегуваат во конфликти – претпочитаат едноставно да се тргнат настрана и да продолжат понатаму. Промените се природни за нив, како и промената во социјалниот круг. Иако ова може да им изгледа ладно на некои, Близнаците го гледаат како заштита на сопствената слобода.
Јарец
Јарците се рационални и внимателни, дури и кога станува збор за врски. Ако заклучат дека пријателството повеќе не носи вредност, не се плашат да го прекинат без каење. Не сакаат драма, но не можат да поднесат ниту површност или непочитување. Кога ќе проценат дека вложуваат повеќе отколку што добиваат, тие се повлекуваат тивко, но решително. Јарците знаат како да постават граници – и да се држат до нив, без оглед на емоциите.