СТАНДАРД life
Храна

📽Вирален рецепт за сладолед од лубеница и уште 2 други состојки

ТикТок е местото каде што во последниве неколку години постојано се споделуваат нови рецепти што брзо ги освојуваат сите, а ова лето, меѓу виралните рецепти е оној за сладолед од лубеница и уште две други состојки.

За да го подготвите овој сладолед ќе ви бидат потребни следните состојки:

* Половина лубеница (со средна големина);
* 60 ml кондензирано млеко;
* 2 големи лажици шлаг пена (за матење);
* Чоколадни трошки (по желба).

Подготовка:

Најпрво е потребно да ја издлабите лубеницата и внатрешноста да ја исечкате на коцкички;

Немојте да ја фрлате корката од лубеницата, затоа што ќе ви треба за подоцна.

Исчистете ги парчињата од семки и изблендирајте ги во блендер;

Додадете ги кондензираното млеко и шлаг пената и блендирајте додека не добиете изедначена смеса;

Исечете прстен со дебелина од околу 3cm од кората од лубеница и ставете го на хартија за печење и врз плех за печење;

Готовата смеса претурете ја во издлабениот прстен од лубеница и избоцкајте ја кората со стапчиња за сладолед, чепкалки за заби или стапчиња од калапи за сладолед;

Оставете го готовиот сладолед во замрзнувач најмногу пет часа или преку ноќ;

Исечете го на парчиња и уживајте.

Поврзани вести

СОЛЕНИ МАФИНИ без глутен, масло и вишок калории: Пројa по рецепт на Новак Ѓоковиќ готовa за 15 минути

Urednik

Рецепт за најмеките шницли „alla pizzaiola“

Urednik

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik