СТАНДАРД life
Храна

Баунти колач

Комбинација од кокос и чоколадо што сите ја сакаат, се прави брзо и не бара печење.

Состојки:

Основа

* 200 мл млеко
* 300 мелени бисквити
* 100 г чоколадо

Крем

* 500 мл млеко
* 150 г шеќер
* 60 г гриз
* 200 г кокос

Прелив

* 200 г чоколадо
* 6 лажици млеко
* 2 лажици масло

Подготовка:

1. Загрејте го млекото и прелијте го врз бисквитите и чоколадото. Ставете ја смесата во квадратен калап.

2. Сварете го гризот во млеко и додадете го шеќерот. Измешајте го кокосот во сварениот, сè уште топол гриз.

3. Растопете го чоколадото, млекото и маслото. Прелијте го кремот врз смесата, а чоколадниот прелив врз кремот. Ставете го во фрижидер преку ноќ.

На здравје!

Поврзани вести

Њујоршки чизкејк

Urednik

РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ Крофни со сланина кои ќе го натераат секое куче среќно да мавта со опашот

Urednik

За ДОБРО УТРО: Брза пита со сирење

Urednik