СТАНДАРД life
Храна

Њујоршки чизкејк

За разлика од обичниот, њујоршкиот чизкејк е погуст и покремаст, а често и посладок со додавање на вкус на лимон и ванила.

Одличен додаток е овошниот прелив кој лесно можете да го направите така што ќе помешате свежо или замрзнато овошје со малку лимонов сок и шеќер и кратко ќе го варите, а по желба можете да додадете и една лажичка мармалад.

Состојки:

За кората:

* 85 гр путер + уште малку за калапот
* 140 гр бисквити по избор
* 1 лажица шеќер во прав

Фил:

* 900 гр крем сирење
* 250 гр шеќер
* 3 лажици обично брашно
* 1 и ½ лажичка екстракт од ванила
* ситно рендана кора од 1 лимон (околу 2 лажички)
* 1 и ½ лажичка сок од лимон
* 3 големи јајца, плус 1 жолчка
* 200 мл кисела павлака

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени, а внатрешноста на калапот за печење од 23 сантиметри премачкајте ја со путер, а однадвор премачкајте со два слоја алуминиумска фолија.

Бисквитите сомелете ги во процесор за храна или искршете ги со чекан за месо и измешајте ги со стопен путер и една лажица шеќер. Притиснете ги рамномерно во дното на калапот.

Печете 10 минути и оставете да се излади додека го подготвувате филот.

Зголемете ја температурата на рерната на 220 степени. Сирењето се мати на средна брзина со миксер додека да стане кремасто, околу 2 минути. Постепено додавате шеќер, брашно и малку сол, а потоа екстракт од ванила, кора од лимон и сок од лимон.

Јајцата и жолчките се матат едно по едно, па се прелива павлаката и се матат на мала брзина додека се убаво да се соедини. Тестото треба да биде мазно, лесно и малку воздушесто.

Намачкајте ги страните на калапот со растопен путер и ставете го калапот на плех. Истурете го филот во калапот и печете 10 минути. Потоа намалете ја температурата на рерната на 110 степени и печете уште 45-55 минути. Ако нежно го протресете плехот, колачот треба малку да се ниша, но не треба да биде премногу влажен.

Исклучете ја рерната и отворете ја вратата и оставете да се излади внатре 2 часа. Поминете со тенок нож по работ на колачот за да го одделите од калапот.

Покријте лабаво со фолија и ставете го во фрижидер најмалку 8 часа или преку ноќ.

На здравје!

Поврзани вести

Готвачка откри јадења кои никогаш не би ги нарачала за појадок

Radmila Tasevska

Сочен колач со прелив од портокал

Radmila Tasevska

Солени мафини со ајвар

Urednik