СТАНДАРД life
Храна

Босанска солена пита со тиква: Совршен појадок за студените денови

Оваа вкусна пита од тиква со карамелизиран кромид и фета е рецепт кој ни доаѓа од Босна и мора да ја пробате.

И солено. И слатко. И крцкаво.

Баш како што треба да биде. Совршенo за овие студени денови.

Состојки:

* 500 гр кора за пита
* 1 голем кромид, исечен на ленти
* 600 гр рендана тиква
* 3 јајца
* 250 гр фета сирење или кое било друго сирење по избор
* 1 лажичка сол
* ½ лажичка бибер
* 4-5 лажици масло
* 1 чаша кисела павлака

Подготовка:

Исчистете го, исечете го и пропржете го кромидот додека не се карамелизира.

Тиквата исчистете ја и изрендајте ја во посебен сад. Додадете сол, бибер, јајца и мелено сирење.

Сето убаво измешајте да се соедини.

Подгответе се да ја наредите питата.

Прво намачкајте го плехот со малку масло. Развлечете две кори, попрскајте ги со малку масло и ставете околу четири до пет лажици фил.

Повторете ја постапката: две кори, малку масло, фил… и вака распоредете додека не ги искористите сите кори и фил.

Последната кора премачкајте ја одозгора со павлака.

Питата се сече на парчиња и се пече во рерна на 200 степени околу 45 минути.

Послужете ја питата со јогурт или кисело млеко.

На здравје!

Пита со тиква – највкусното есенско уживање

Поврзани вести

„Сос од милион долари“ – раскошно мезе кое ќе ги воодушеви сите

Urednik

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska

📽 Пица од тава е одлична идеја за брз ручек без вклучување на рерната

Radmila Tasevska