СТАНДАРД life
Храна

ГАБОН ТОРТА: Полна со чоколадо, лешници, а кората е мека како сон – ЧИСТО УЖИВАЊЕ

За празниците доволно е да имате една торта, но треба да вреди.

Полна со чоколадо и лешник, габон тортата е се што ви треба за да уживате:

Состојки за филот:

* 15 жолчки
* 150 грама шеќер
* 300 гр чоколадо
* 200 грама путер
* 250 мл слатка павлака

За корите:
се печат вкупно 3 кори, а за една кора ви треба:

* 5 белки
* 50 грама шеќер
* 1 лажица фил од жолчка
* 100гр крупно мелени печени лешници

Подготовка:

Најпрво филот се подготвува така што се матат жолчките и шеќерот на пареа, се додава чоколадото, а потоа путерот.

Изматете ја слатката павлака, па додадете го овој фил и оставете да се излади.

Корите можете да ги испечете поединечно или заедно, како ви е полесно.

Изматете ги белките и шеќерот, па додајте го филот со жолчка и крупно исечканите лешници.

Печете ги корите на 180 Целзиусови околу 15 минути, во зависност од јачината на вашата рерна.

Наполнете и декорирајте по желба.

На здравје!

Торта што ќе ве израдува! Мириса на лето и сладолед, а идеална е и за празниците

Поврзани вести

Штрудла со мак

Urednik

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik

Нешто најблиску до магија! Чоколадна торта на која нема да можете да одолеете!

Urednik