Уживајте во неделата со превкусен ручек…
Состојки:
* 4 говедски стека,
* 4 лажици путер,
* сол, црн бибер,
* 8 лажици путер,
* 2 сечкани кромиди,
* 500 мл неутрална хопла
* 160 грама фета сирење здробено на трошки.
Подготовка
Зачинете ги стековите од двете страни со сол и црн бибер. Намачкајте ја тавата со 2 лажици путер и печете ги стековите додека да станат средно готови.
Пржете го кромидот на 8 лажици путер на висока температура. Намалете ја температурата и прелијте го кромидот со хоплата.
Динстајте 5 минути или додека сосот се намали за половина.
Додајте го фета сирењето и мешајте додека се стопи. Послужете ги стековите прелеани со сосот.
На здравје!